Насловна / Вести / Детско игралиште со реквизити од гума

Детско игралиште со реквизити од гума

gumilend
Во ОУ „Вера Циривири Трена“ пред многубројните присутни гости, родители и наставници беше отворен „Гумиленд”, детско игралиште чии реквизити се изработени од гуми. Игралиштето е идеја и плод на заедничката работа на родителите и на наставниците, членови на клубот „Оптимисти“, кој е оформен оваа учебна година.

Во овој клуб се членува на доброволна основа и неговите членови се секогаш подготвени да издвојат дел од своето слободно време, и со најразлични активности да придонесат за зголемување на квалитетот на наставните и вон наставните активности во училиштето.

Испрати коментар

Scroll To Top