Насловна / Вести / Денес почнува кампањата „Излези за ГТЦ“

Денес почнува кампањата „Излези за ГТЦ“

gtc kampanja

Кампањата „Излези за ГТЦ!“ стартува денес, 6 април, во 20 часот, во паркот „Жена – Борец“. Оваа акција ја организира иницијативата „Го Сакам ГТЦ“, а на овој прв собир ќе бидат повикани граѓаните на општина Центар да гласаат за задржување на автентичноста на симболот на Скопје на претстојниот референдум во Општината.
На настанот ќе говорат архитекти и активисти, а ќе има и богата музичка програма од музичари – поддржувачи: Ана Костовска и Симон Киселички, The John, Џака Накот, Бон Праскиза и Donplaya и други.
На 26 април, недела, граѓаните на општина Центар ќе можат да се изјаснат „за“ или „против“ задржување на сегашниот изглед на Градскиот трговски центар. Референдумот е обврзувачки за локалните и државните власти и неговиот успех е условен од излезноста, што треба да надминува 50 проценти за да биде референдумот успешен.
Се до денот на референдумот ќе бидат организирани средби со граѓаните и настани низ општина Центар и ГТЦ за да се мотивираат граѓаните да излезат и да се изјаснат за сочувувањето на автентичниот изглед на ГТЦ. Центарци ќе гласаат на истите гласачки места како и на последните избори, а избирачкиот список може да се провери во просториите на општината или http:/izbirackispisok.gov.mk/

Инаку, наставниците и соработниците при ФАД – Факултетот за архитектура и дизајн од Скопје (при „Американ колеџ“) ја поддржаа намерата објектот на Градскиот трговски центар од Скопје да биде прогласен за културно наследство од особено значење.

Оваа поддршка доаѓа во пресрет на референдумот со кој архитектите бараат заштита на ГТЦ како културно наследство.

Испрати коментар

Scroll To Top