Насловна / Вести / Денес, космонаути во отворена вселена! (видео во живо)

Денес, космонаути во отворена вселена! (видео во живо)

Посадата на космонаути кои се наоѓаат во Меѓународната вселенска станица, денес излегуваат во отворена вселена.

Тие ќе бидат надвор од капсулата околу осум часа, бидејќи мораат да ги заменат батериите, јавува „Спутник“.

МСС е заеднички проект во кој водечка улога имаат пет вселенски агенции – Роскосмос (Русија), NASA (САД), JAXA (Јапонија), ESA (Eвропа) и CSA (Канада).

Членовите на посадта на станицата (космонаути и астронаути), спроведуваат екеперименти на полињата општа биологија на човекот, физика, астрономија, метеорологија и многу други. Исто така станицата е погодно место за тестирање на вселенски летала и друга опрема која ќе биде потребна за летови до Месечината и Марс.

МСС одржува постојана орбитална висина од околу 400 километри над површината на Земјата.

Испрати коментар

Scroll To Top