Насловна / Вести / Честички од загаден воздух пронајдени во плаценти кај трудниците

Честички од загаден воздух пронајдени во плаценти кај трудниците

Научниците ги имаат првите докази дека честичките од загадениот воздух патуваат низ организмот на трудниците и се таложат во плацентите. Веќе е добро познато дека загадениот воздух им штети на неродените бебиња, но самиот процес за тоа како настанува оштетувањето и натаму не е јасен. Новата студија, во која учествувале мајки кои живеат во лондон, открила честички од чад во плацентите, а научниците претпоставуваат дека тие честички стигнале и до организмот на бебињата.

Низа претходно објавени истражувања, покажуваат дека загадениот воздух драстично го зголемува ризикот од предвремено породување, и дека е поврзан со намалена тежина на новороденчињата. Сето ова потврдува дека загадениот воздух станува катастрофа за здравјето на луѓето и за здравстениот систем воопшто.

Најновото истражување ќе биде презентирано на овогодишниот конгрес на Европското респираторно друштво во Париз. Ова би требало да ја подигне свеста во јавноста за штетноста на загадениот воздух.

placentas1

placentas2

Испрати коментар

Scroll To Top