Насловна / Архитектура / Бруталистичката архитектура која му даде облик на урбаниот пејзаж на Полска

Бруталистичката архитектура која му даде облик на урбаниот пејзаж на Полска

Последните години донесоа реоткривање на некои од најконтроверзните архитектонски феномени во минатиот век, а бруталистичката архитектура посебно го сврте вниманието со својот моќен израз и чистите форми. Бруталистичката архитектура низ некогашниот Источен блок е неделиво поврзана со тоталитарните режими кои ја одбележаа втората половина од 20-тиот век.  И Полска не е исклучок од овие трендови. Нејзиниот урбан пејзаж е со масивни бруталистички јавни згради и огромни станбени блокови изградени во времето на социјалзимот. Во својата најнова публикација, Brutal PolandZupagrafika создава фотографска експресија на бруталистичкото наследство на оваа земја, подвлекувајќи ги квалитетите и обидувајќи се да придонесе за подобро разбирање на овој сложен и фасцинирачки архитектонски правец.

brutaalpoland1

brutalpoland2

Градовите во Полска претрпеле сериозни разорувања во текот на Втората светска војна. Во периодот на т.н „десталинизација“ која започнува во втората половина на 50-тите години, архитектурата се оддалечува од соцреализмот и се приближува кон западниот модернизам. На полските архитекти им се овозможува да патуваат во странство и да се враќаат со нови идеи за локалната архитектура. Седумдесетите години се означени како перид на просперитет за Полска, кој во архитектурата овозможува поголема слобода за архитектите и инженерите во реализацијата на своите архитектонски визии. Токму оваа декада остава печат во архитектурата на земјата, преку проектите како што се Plac Gruwaldzki Estate во Wrocław  од Jadwiga Grabowska-Hawrylak, Spodek Arena во Kатовице од Maciej Gintowt и Maciej Krasiński или Hotel Forum во Kraków од Janusz Ingarden.

Plac Gruwaldzki Estate

Plac Gruwaldzki Estate во Wrocław

spodek arena

Spodek Arena во Kатовице

OLYMPUS DIGITAL CAMERA

Hotel Forum во Kraków

Станбените објекти изградени од предфабрикувани панели се важен дел од бруталистичката архитектура во Полска. Ваквите блокови се застапени во различни типологии, со одредени локални карактеристики со цел да имаат добра репутација меѓу станарите. Историчарот на архитектурата, Anna Cymer во предговорот на  Brutal Poland пишува: ‘Започнавме да ја цениме вредноста на полските архитекти во нивната умешност за комбинирање на овие блокови’. Изграден на местото од некогашното Еврејско гето, комплексот Za Żelazną Bramą Estate е меѓу знаменитостите на Варшава, импресивен во височина и големина. Manhattan во Лоѓ, и Superjednostka во Катовице се и денес во добра кондиција. Falowiecs во Гдањск, е еден од најголемите станбени објекти во светот кој вдомува 12.000 луѓе.  Несомнено, од императивите на масовното колективно домување и футуристичката визија на модернизмот, брутализмот материјализирал сет од различни архитектонски идеи. Проектот на  Zupagrafika, фрла нова светлина на овој архитектонски феномен, обезбедувајќи вредни сознанија за историјата на некои од најзнаменитите бруталистички проекти во Полска.

Za Żelazną Bramą Estate

Za Żelazną Bramą, Варшава

Manhattan Lodz

Manhattan во Лоѓ

Superjednostka Katovice

Superjednostka во Катовице

Falowiecs Gdansk

Falowiecs во Гдањск

Испрати коментар

Scroll To Top