Насловна / Вести / Блокада на клучката Валандово – Миравци, активисти бараат седница за референдум

Блокада на клучката Валандово – Миравци, активисти бараат седница за референдум

Активисти на граѓанската иницијатива „Спас за Валандово“ денеска, од 11 часот ја блокираа крстосницата од регионалниот пат село Удово-Валандово-Марвинци со земјоделска механизација во знак на протест што општинскиот Совет не го исполни нивното барање до вчера да донесе одлука за распишување референдум на кој граѓаните би се изјасниле „за“ или „против“ работа на рудникот „Казандол“ и отворање рудници на територијата на општина Валандово.валандово

Од граѓанската иницијатива најавија дека денеска блокадата ќе трае до 14 часот, како и дека ќе продолжи и наредните денови, можеби во различно време и на други локации, сè до исполнување на нивното барање. Барањето на граѓанската иницијатива „Спас за Валандово“ со потребните потписи уредно е доставено и примено од локалната самоуправа од каде, пак, велат дека согласно законот по него може да постапуваат во рок од 60 дена и оти тој рок истекува на 9 август.

Испрати коментар

Scroll To Top