Насловна / Екологија / „Бентли“ го најави својот прв хибриден автомобил

„Бентли“ го најави својот прв хибриден автомобил

bentley-hybrid-concept
„Бентли“ е уште еден во низата ексклузивни производители на автомобили кои не му одолеваат на хибридниот погон. Веќе е подготвен новиот концепт на моделот Mulsanne, кој ќе биде претставен во Пекинг, а според најавите од оваа компанија до 2020 година сите модели ќе имаат и своја plug-in хибридна верзија. Хибридниот концепт на „Бентли“ обезбедува 25% поголема моќност во споредба со стандардниот модел, и во исто време има 70% намалена емисија на јаглероден диоксид. Квалитетот и екслузивноста нема да недостасуваат. Се очекува во 2016-та да стартува сериското производство.

Испрати коментар

Scroll To Top