Насловна / Вести / Дали Британците се откажуваат од јавниот превоз?

Дали Британците се откажуваат од јавниот превоз?

Според некои процени, бројот на луѓето во Велика Британија, кои по завршувањето на изолацијата ќе користат јавен превоз ќе биде за 20% понизок од вообичаениот, додека во Лондон се очекува пад и до 40%. Проценките се направени врз основа на анкета која ги бележи моменталните ставови на граѓаните кога станува збор за враќањето на работа, односно работните места, но и потенцијалнте долгорочни промени. Причината за ваквите резултати главно лежи во дополнителната претпазливост кај луѓето. Покрај тоа, многумина во текот на овој период сфатиле дека добар дел од работата можат да ја извршуваат од дома, и по завршувањето на периодот на изолација. Како причини главно се наведуваат заштеда на време, како и желбата за постигнување на подобра рамнотежа помеѓу приватниот и професионалниот живот. Речиси 70% од испитаниците веруваат дека виртуелните состаноци и во иднина ќе можат да ги заменат традиционалните состаноци и деловните патувања.

Сето тоа претставува предизвик за владата, која го поттикнува населението да повеќе да користи јавен превоз отколку автомбили, со цел намалување на емисиите на штетни гасови. Сепак, постои стравување дека поголем број од луѓето би се одлучиле за автомобил, плашејќи се од можна зараза. Исто така, ова може да биде проблем и за вработените во јавниот превоз, кои би се соочиле со значителен пад на приходите. Со оглед дека враќањето кон автомобилите би бил голем чекор назад за заштитата на животната средина, стручњаците тврдат дека тоа не смее да се дозволи и дека мора да се работи на максимална безбедност во средствата з ајавен превоз.

Сепак, многу аналитичари веруваат дека нивото на сообраќајот генерално ќе опадне, и дека поголем број луѓе ќе се свртат кон пешачење и велосипедизам, со цел да го подобрат и сопственото здравје и имунитет.

londonpublic1

londonpublic2

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top