Насловна / Арт и дизајн / Автомобили од песок – необично предупредување за климатските промени

Автомобили од песок – необично предупредување за климатските промени

Непрегледната колона од метални кутии на четири тркала е честа сцена на улиците на нашите градови. Но, жителите на мајами во САД од неодамна се навикнуваат на сликата на сообраќајна гужва, со автомобили направени од песок на тамошната плажа. Авторот на оваа инсталација е Леонардо Ерлих,  познат како уметник кој ја провоцира јавноста со своите впечатливи инсталации во просторот.

Наизглед направени од компактен песок, скулптурите во склоп на изложбата под наслов Order of Importance, делумно се вкопани во пејсажот со цел да престават излузија дека полека тонат.  Со тоа уметникот сакал да го илустрира порастот на нивото на океаните предизвикан од климатските промени.  На овој проект уметникот од Аргентина работел три месеци. Го сместил во крајбрежниот американски град бидејќи спаѓа меѓу најризичните од поплави.

sandcars1

sandcars2

sandcars3

sandcars4

Испрати коментар

Scroll To Top