Насловна / Вести / Австриската „Штрабаг“ купува фирми во Србија

Австриската „Штрабаг“ купува фирми во Србија

strabag putevi

Австриската компанија „Штрабаг“ сака да купи претпријатија за изградба на патишта, кои државата Србија му ги одзела на Мило Ѓурашковиќ и кои вработуваат над 900 работници, дознава српски „Блиц“. „Штрабаг“ на адресата на „Агенција за приватизација“ испратила понуда за преземање на компаниите ПЗП „Београд“ и „Војводинапут-Бачкапут“.
Со двете фирми до ноември 2011 година раководел Мило Ѓурашковиќ, сопственик на „Нибенс група“, кој е обвинет за измама и даночно затајување во компаниите за одржување на патиштата.
„Штрабаг“ е една од водечките компании за изградба на патишта во централна и источна Европа. Со 75.000 вработени е водечка градежна компанија во Германија, Австрија, Унгарија и Чешка. Во Србија се сопственици на три компании – „Путеви Чачак“ и претпријатијата за патишта од Заечар и Панчево.
- Со купување на ПЗП „Београд“ и „Војводинапут-Бачкапут“, „Штрабаг“ практично ќе добие половина од пазарот во Србија. Имаат стратешки интерес за овие компании, бидејќи го држат половина од пазарот во Унгарија, и се сопственици на фирмата „Црна Гора пут“ – изјави за „Блиц“ Слободан Јовановиќ, поранешен директор на ПЗП „Београд“.
Тој објаснува дека ПЗП „Београд“ одржува половина од патиштата во Белград, каде што има силна конкуренција, што не е случај со компанијата во Војводина.

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top