Насловна / Author Archives: Порта3 (page 1594)

Author Archives: Порта3

Feed Subscription

Еврокодот 7 и геотехничките аспекти на Еврокод 8

Членовите на Друштвото за геотехника на Македонија (ДГМ), како и нивните гости од земјава и  од странство, на Меѓународниот семинар кој почна вчера во хотелот “Дрим“ во Струга, расправаат за една од најактуелните теми кај нас “Еврокодот 7 и геотехничките ...

повеќе »

Нови решенија и процедури за хуманизација на просторот

Министерот за животна средина и просторно планирање Неџати Јакупи, директорот на Агенцијата за планирње на просторт Огнен Апостолски и 17 градоначалници на скопските општини, општините од скопскиот регион и Градот Скопје потпишаа Меморандум за изработка на Просторен план на скопскиот регион во нацрт фаза. Ова е нова практика за транспарентно донесување на ваквите стратешки документи што ќе се применува и за другите просторни планови, а произлегува од новиот Закон за просторно и урбанистичко планирање.

повеќе »

УРЕДУВАЊЕ НА ЕДНО И ПОЛСОБЕН СТАН

Различните вкусови и сензибилитети ја бојат сликата за домот на различни начини, па не е секогаш лесно да се најде изглед, идеја која ќе го направи домот поубав и попривлечен и ќе ги усогласи можностите со желбите. Тоа е особено ...

повеќе »

Нов амфитеатар во византиски стил

… ЗА 3 НОЕМВРИ – ДЕНОТ НА ОСЛОБОДУВАЊЕТО НА ПРИЛЕП Во прилепската населба Варош привршуваат последните градежни работи околу изградбата на амфитеатарот, кој треба да биде пуштен во употреба на 3 Ноември – Денот на ослободувањето на градот. Амфитеатарот во ...

повеќе »

Уште 10.000 ќеси за вредните собирачи

ПРОЕКТОТ ЗА СЕЛЕКЦИЈА НА ОТПАДОТ ВО ПРИЛЕП УСПЕШЕН

Проектот “Собирај пет за подобар свет“ - за примарна селекција на отпадот интензивно се реализира во Прилеп. Прифатен и поддржан од УСАИД по неговата почетна промоција низ кампањата за чии потреби е снимен и ТВ-спот со еден од македонските претставници на “Детскиот евросонг“ Денис Димоски се шири низ различни сегменти согласно динамиката за примена. Од почетокот на октомври почнаа и предавањата во основните и средните училишта низ кои на најмладите им се објаснува суштината на проектот и придобивките од селекцијата на отпадот, односно заштитата на животната средина. Оваа едукативна серија на предавања има за цел да им ја долови потребата од правилното постапување со отпадот и неговото селектирање но и штетното влијание на пластиката врз природата.

повеќе »

Водно повторно на отстрел

Image
... СО ДОЗВОЛАТА ЗА ГЕОТЕХНИЧКИ ИСПИТУВАЊА ВО ПАРК-ШУМАТА

Заканата за уништувањето на добар дел од Парк-шумата Водно повторно надвисна над Скопје откако на иницијатива на 18 советници и без никакви образложенија, Градскиот совет £ одобри на Агенцијата за државни патишта, поранешен Фонд за магистрални и за регионални патишта, да врши геотехнички истражувања во Парк- шумата Водно. Во одлуката не пишува зошто ќе се вршат тие истражувања, но советниците од опозицијата нагласија дека зад тоа се крие идејата да се сече дел од шумата на Водно за да се изгради пат до новата населба Сончев Град во Општината Сопиште. Од Агенцијата потврдија дека ќе се испитува дали може оттаму да се гради новата сообраќајница.

повеќе »

Мутации

Image
Комплексната природа на процесот на трансформација на современите градови во последниве години често се објаснува со помош на аналогиите со дифузниот органицизам. Овие и други интердисциплинарни теории настојуваат да се приближат повеќе до причините, отколку да дадат предлози за ефикасни инструменти за интервенција, особено поради фактот што манифестациите на проблемите се многу разнородни и ги погодуваат подеднакво и богатите и сиромашните општества, со различни култури, бројност и густина на населеност. Со оглед на тоа што одредени појавни облици на мутантни процеси можат да се идентификуваат и во нашата транзициона состојба на перманентна трансформација, корисно е да го проследиме текстот на Игнаси де Сола-Моралес, за сегашноста и иднината на градовите, кој иако датира од пред десетина години, допрва добива во значење за стратегиите во разрешувањето на опозициските состојби на урбанитетите.

повеќе »

ХС„ЗЛЕТОВИЦА“: На тендерот за хидроцентралите пет мак-фирми

Пет компании, сите македонски, доставија понуди со кои ќе се натпреваруваат на тендерот за избор на најповолен понудувач за изградба на седум мали хидроцентрали на браната “Кнежево”, која е главен хидротехнички објект од регионалниот Хидросистем “Злетовица”. Тендесрката комисија одлуката за ...

повеќе »

Патот се тресе како прачка

Image
Иова лето се слушаа редовните негодувања на возачите околу тоа дека делницата од магистралниот пат низ Мојковац, долга 27 километри, ја пречекала и испратила туристичката сезона без санација на дотраениот коловоз. Изостана дури и обновата на вертикалната и на хоризонталната сигнализација, што е причина за чести сообраќајни несреќи. Многумина со причина се прашуваат дали оваа делница воопшто и припаѓа на магистралната сообраќајница која води кон главниот град на Црна Гора и кон приморјето. Возачите се особено револтирани поради ризиците кои демнат на мостот “Газела“, под превојот Крстац, кон Рибаревина и на оној на Јушковиќ Поток, на самиот влез во градската населба од правецот на Бело Поле.

повеќе »
Scroll To Top