Да се споредува Камник со кој било друг град во регионот и пошироко е непотребно, бидејќи Камник е мал град со своја специфична убавина лоциран на брегот на реката Бистрица. Камник е место каде што патината на крововите, црковните кули и остатоците од некогашните замоци се прелеваат со зеленилото на околните ридови и полиња, граничејќи со венецот на Камнишките Алпи.
повеќе »Author Archives: Порта3
Feed SubscriptionПрва камено-насипна брана во Македонија
Во тек е градбата на два нови хидротехнички системи: хидросистемот „Злетовица“ со браната „Кнежево“ и хидросистемот ХЕЦ „Св. Петка“. Првата е наменета за формирање акумулација на вода за водоснабдување, наводнување и производство на електрична енергија, а втората ќе акумулира вода само за производство на електрична енергија.
повеќе »Конструкцијата како анатомија на архитектурата
„Ако сакаш да бидеш добар лекар, мора да го познаваш човечкото тело. Ако сакаш да бидеш добар архитект, мора добро да ја владееш конструкцијата и структурата на објектот во нејзините најситни делови“, вели професорот Љубомир Томиќ, кој за конструкциите на архитектонските објекти се заинтересирал уште како студент во Загреб.
повеќе »Тајната на големото езеро на Пелистер
Постојат ли на Земјата живи форми кои потекнуваат од други галаксии е прашањето на кое научниците со децении се обидуваат да дадат одговор преку своите истражувања. Одговорот можеби лежи во бактериите што денес можат да се сретнат во водите на глацијалните езера, како што е езерото Diamante на северозападот на Аргентина, во кое во август годинава научниците од Consejo Nacional de Investigaciones Cientificas y Tecnicas (CONICET) пронајдоа колонии на супербактерии способни да преживеат во екстремно тешки услови слични на оние на Земјата кога таа не била населена со жив свет.
повеќе »Живот во тоалет
Педесет илјади долари чини ноќевање во куќата во Хаивоџа во Јужна Кореја што наликува на џиновски тоалет. Нејзиниот сопственик, Сим Џа Дак смета дека тоа не се многу пари за да се помине времето во една од најчудните куќи во светот.
повеќе »Светлосни едра како нови светски светилници
Оваа светлосно-просторна инсталација составена од едра кои светат е дело на виенското архитектонско студио „Sohne & Partner Architekten“. Дизајнирани за да ги водат посетителите низ различни изложби околу езерото, овие „светилници“ се водачи-симболи, кои освен за осветлување на патот, исто така, генерираат енергија од езерото за да се напојуваат себеси. Ова дело е еден од проектите што влегоа во потесниот избор на наградата за урбан дизајн WAN AWARDS 2010
повеќе »Огледало на гламурот на Даблин
Плоштадот „Grand Canal“ е главен јавен и отворен простор во Даблин, еден од најживите градови во Ирска. Во прашање е важна културна точка, која жителите на Даблин ја нарекуваат „Dublin Docklands Development area“, а се наоѓа веднаш до Главниот канал. Со предниот дел, плоштадот го тангира каналот, а на другата страна е ограничен со новиот театар, дело на архитектот Daniel Libeskind.
повеќе »Ново руво за дневната и спалната соба
"Последните топли денови ни делуваат некако инспиративно за започнување на мали промени во уредувањето на домот. Неодамна ја реновиравме кујната, па на ред дојдоа дневната и спалната соба. Би сакале дневната соба да изгледа попространо и да ја преуредиме така што ќе обезбедиме простор за уште еден дополнителен кревет."
повеќе »