Насловна / Архитектура / Архитектурата против климатската криза: Трка за новото светско чудо во Ротердам

Архитектурата против климатската криза: Трка за новото светско чудо во Ротердам

Холандската општествена иницијатива Shift објави листа од пет архитектонски тимови кои влегоа во финалето на меѓународниот конкурс  за објект што треба да стане „ново светско чудо“ посветено на борбата против климатските промени.

Во финалето се Heatherwick Studio, MVRDV, Mecanoo, Office for Political Innovation и Ecosistema Urbano, кои ќе се натпреваруваат за реализација на значајна зграда вредна околу 240 милиони евра во Ротердам, Холандија.

Задачата на конкурсот вклучува проектирање на целосно одржлив архитектонски симбол, чија цел е да ја охрабри јавноста поактивно да се справи со климатската криза и кризата со биодиверзитетот.

Планирано е објектот да се гради во новиот крајбрежна четврт Ватеркант, а вкупната површина на проектот ќе биде 30.000 квадратни метри. Комплексот ќе содржи неколку функционални целини, вклучувајќи:

  • 000 квадратни метри интерактивно, импресивно искуство,
  • хотел,
  • конференциски центар,
  • ресторан.

Целта на проектот е да ги обедини архитектурата, образованието и иновациите во простор што им овозможува на посетителите да го искусат потенцијалот на одржливата иднина.

MVRDV предлага „живи карпи“

Најрадикалниот концепт доаѓа од студиото MVRDV, кое го развило проектот во соработка со тим во кој е вклучен и дизајнерот Joris Laarman, познат по експериментите со 3Д печатење во урбаното зеленило.

Предлогот наречен Rotterdam ROCKS! покажува структура што личи на огромен куп карпи обраснати со вегетација. Влезот во зградата е обликуван како уста на џиновска желка.

Авторите на концептот веруваат дека проектот ја претвора архитектурата во регенеративен урбан екосистем и дека би можел да стане нов симбол на градот. Идејата е објектот да функционира како пејзаж составен од живи карпи кои симболично „дишат“ и ја поврзуваат природата со јавниот простор, што дополнително го нагласува експерименталниот карактер на Ротердам.

Mecanoo: Јавен простор во центарот на зградата

Друг холандски претставник меѓу финалистите е студиото Mecanoo од Делфт. Неговото решение го нагласува силното граѓанско присуство и вклученост на јавноста во просторот на самата зграда.

Визуелизациите прикажуваат градба низ чиј центар се издига терасат јавен плоштад што минува низ неколку нивоа на објектот.

Архитектите наведуваат дека комплексот би вклучувал различни зони посветени на имагинација, истражување, акција и игра. Проектот се базира на принципите на рециклирање, складирање на јаглерод, енергетска неутралност и интеграција со екосистемот.

Heatherwick Studio и архитектура инспирирана од корали

Heatherwick Studio со седиште во Лондон, предводено од дизајнерот Thomas Heatherwick, предложи објект ко се состои од шест слоеви и кој е инспириран од природните форми на коралните гребени.

Според пбјаснувањето од студиото, слоевите ги следат природните текови на човековото движење и создаваат простори што ги зближуваат посетителите, ја подигнуваат свеста за климатските проблеми и демонстрираат како архитектурата може да поттикне поодржливи начини на живот и заедничко користење на просторот.

Office for Political Innovation: Експериментален концепт од Шпанија

Шпанското студио Office for Political Innovation, предводено од Andrés Jaque, го развило проектот во соработка со холандските бироа Kaan Architecten и LOLA Landscape Architects.

Нивното решение, наречено Climate Section, е замислено како нов тип на архитектонско обележје за таканареченото климатско доба. Авторите сметаат дека зградата не треба да биде класичен споменик, туку функционален пресек на светот во трансформација – простор каде што климата може да се доживее, разбере и активно да се промени преку заедничко дејствување.

Ecosistema Urbano: Регенеративен комплекс поврзан со надворешно скалиште

Листата на финалисти ја затвора друг шпански тим, Ecosistema Urbano, чиј концепт прикажува комплекс составен од неколку меѓусебно поврзани структури обраснати со вегетација.

Објектите се поврзани со надворешни скали, а архитектите го опишуваат проектот како регенеративен жив систем кој функционира како општествен организам. Идејата е да се поттикне биодиверзитетот и да се зајакне врската помеѓу локалната заедница и пошироката еколошка мрежа преку интеграција на јавниот простор и еколошките функции.

Визија за глобална мрежа на климатски знаменитости

Иницијативата Shift има амбициозен долгорочен план: да изгради слични инспиративни „светски чуда“ на сите континенти.

Основачот на организацијата, Don Ritzen смета дека промените во однесувањето на луѓето ретко се случуваат само врз основа на информации и предупредувања, туку дека се случува кога луѓето лично ќе доживуваат можност за подобар начин на живот.

Според неговиот став, токму таков момент треба да пружи идниот орјентир на Ротердам преку интерактивно искуство кое ги истакнува примерите на циркуларната економија и одржливоста.

Избор на победникот напролет

Победничкиот проект ќе го избере меѓународно жири во кое, меѓу другите се Aric Chen од Zaha Hadid Foundation, основачот на UNStudio, Ben van Berkel и актерката и активистка Carice van Houten. Резултатите од конкурсот се очекуваат до крајот на пролетта.

Финансирањето на натпреварот е обезбедено од холандски инвеститори, а за учесниците е планиран награден фонд од 250.000 евра, кој ќе биде поделен меѓу петте финалисти.

Според проценките што ги наведува Don Ritzen, економската штета предизвикана од климатските промени може да биде многу пати поголема од трошоците за нивно ублажување. Истражувањата, како што наведува тој, исто така покажуваат дека промените во начинот на исхрана, мобилноста, потрошувачката и домувањето можат да ги намалат емисиите на гасови до 70 отсто до 2050 година.

Сепак, само фактите ретко го движат општеството кон акција. Затоа, проектот има за цел да ја направи одржливата иднина видлива и опиплива преку комбинацијата на архитектура, уметност, иновации и образование, претворајќи ја инспирацијата на посетителите во конкретна акција.

Испрати коментар

Scroll To Top