Насловна / Архитектура / Архитектонски ремек-дела кои ги очекуваме оваа година

Архитектонски ремек-дела кои ги очекуваме оваа година

три архитектури_2

Кога станува збор за светската архитектура, тогаш оваа година се очекува реализација на три фамозни зданија:

Lego House, Данска три архитектури_3

Lego House е долгоочекуваниот архитектонски проект зад кој стои Bjarke Ingels Group. Тоа ќе биде иновативен простор, кој ќе го одрази сето она по што е Lego познат. Новиот простор ќе има четири зони во различни бои, а во нив ќе може да се научи се за историјата на компанијата Lego, но, исто така, и за сето она што се случувало, за она за што се залагале и го промовирале сите овие години. Оваа импозантна зграда ќе биде отворена на 28 септември.

King Abdulaziz Center for World Culture, Саудиска Арабија

Се работи за комплекс кој е дизајниран од страна на норвешката фирма Snøhetta. Во фокусот на оваа импозантна градба е културниот развој на Саудиска Арабија, кој сакале да го прикажат во рамките на нему посветен простор. Овој комплекс ќе има дел за изложување, голема сала со околу 930 седишта, киносала, но и библиотека. Отворањето ќе се одржи оваа година, но точниот датум се уште не е познат.

Zeitz Museum of Contemporary Art Africa, Јужна Африка

три архитектури_1

Овој музеј е прв од овој вид посветен на современата африканска уметност. Тубуларните форми во горниот дел од зградата се главниот акцент на овој објект, а акцентот е и на стаклото за да просторот добие на транспарентност и отвореност кон небото, особено во делот на покривот. Проектот е потпишан од страна на британското Heatherwick Studio, а музејот се отвора на 15 септември.

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top