Насловна / Вести / Аплицирај на обуките за „Гипсер-монтер“ и „Фасадер“ и вработи се!

Аплицирај на обуките за „Гипсер-монтер“ и „Фасадер“ и вработи се!

IMG_4389

Кампањата „Фати се за занает“ овозможува вработување на млади во градежниот сектор. Младите кои ќе ја поминат обуката ќе се здобијат со официјален сертификат за работна оспособеност „Фасадер“ и „Гипсер-монтер“ од тренинг центарот „Крафт Мастер“ и ќе имаат можност да се вработат во градежна компанија по самото завршување на обуката.

Сите заинтересирани за обуките можат да аплицираат ТУКА.

Апликацијата на Албански јазик може да ја најдете на овој ЛИНК.

Обуката е наменета за млади невработени лица на возраст од 17 до 29 години и ќе се одржува во Скопје. Можат да аплицираат ученици во последна година од средно градежно училиште без работно искуство, млади со минимум 3 (три) години работно искуство во градежната област, млади кои имаат интерес да се бават со оваа дејност. Повикот е отворен за лица со место на живеење во Скопје, Гостивар, Тетово, Велес, Куманово и нивните околни места.
IMG_4391
Тримесечна обука за „Фасадер“ му овозможува на учесникот да стекне знаења и вештини за примена на основните техники при изведба на фасадни и внатрешни ѕидови, изработка и подготовка на сите видови малтер, изработка на фасади со современи материјали, поправка на дотраени и оштетени фасади и сл. Особено внимание е посветено на едукацијата за термичка и звучна изолација при обработка на фасадните и внатрешните ѕидови, како и обука за енергетска ефикасност на објектите. Времетраењето на програмата е 240 часа од кои 75 часа теоретска обука, 155 часа се практична обука во реални работни услови и 10 часа се наменети за оценување.

Тримесечна обука за „Гипсер-монтер“ му овозможува на учесникот да стекне знаења, вештини и компетенции за примена на основните техники при изработка на плафони, ѕидови, облоги, сводови, декорации и сл. од гипс картонски плочи како и правилно користење на опремата и алатот на работното место. Времетраењето на програмата е 180 часа од кои 55 часа теоретска обука, 115 часа се практична обука во реални работни услови и 10 часа се наменети за оценување.

goGreen

Здружението Гоу Грин Скопје, со поддршка од Програмата за зголемување на пазарната вработиливост на Швајцарската агенција за развој и соработка и Милиеуконтакт лансираат кампања „Фати се за занает“ со цел да се поттикне вработување на млади луѓе во секторот на енергетската ефикасност, со посебен фокус на градежниот сектор. Воедно со кампањата се отвора и дијалог за средното стручно образование и се зајакнува образованието за енергетска ефикасност.

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top