Насловна / Вести / Привремена заштита на косини на пристапниот пат до браната Св. Петка

Привремена заштита на косини на пристапниот пат до браната Св. Петка

Фирмата „Октопус“ Ријека во 2014 година започнува со интернационални активности преку отворање на своја подружница во Скопје, и во 2015-та започна проектот Заштита на косини на пристапниот пат на браната Св. Петка. img_1582

Овој проект, кој се изведува заедно со Градежниот институт „Македонија“, претставува исклучително сложен градежен зафат, имајќи ги предвид објективните геолошки услови, екстремните геометриски параметри на попречниот пресек (високи засеци до 50 м висина), како и потребата за работа во услови на активен сообраќај.sv-petka-odron

Сето ова бара ангажирање на специфична механизација и специфичен профил на работна сила. За овој проект, од фаза на изведба, пуштање и самата експлоатација познати се чести појави на одрони и осипување на одредени делови.

Делницата на која се одвиваат работите е долга околу шест километри, и за санацијата е предвидено вградување на 58000 м2 заштитна мрежа, 18000 м анкери во должина од три до осум метри и 2500 м3 прскан бетон.

Проектот предвидува повеќе видови активности, во зависност од конфигурацијата на теренот и потребите за санација: опшивање на косините со заштитни мрежи и/или аплицирање на прскан бетон – во двата случаи со претходно поставување на анкери; санирање на сипари, поставување на габионски ѕидов, итн.

Поставувањето на анкери е од пресудно значење за стабилност на косините: должините ги дефинира проектот, а вградувањето се врши преку машинско бушење со висинска дупчалка, поставување на анкер изработен од RA∅25 и негово залевање со брзостегачки бетон.

img_1584

img_1588

torkertВо случај на поставување на заштитна патарска мрежа, дел од анкерот се остава надвор од теренот, и мрежата се прицврстува со плочка поставена директно преку анкерот, затегната со навртка на самиот анкер.

Во случај на потреба од аплицирање на млазен бетон, се поставува Q мрежа преку порамнувачки слој млазен бетон, се прицврстува со плочка (на сличен начин опишан погоре), и се аплицира завршен слој торкрет преку целиот систем.

Финално, се поставува и систем на соодветно перфорирани дренажни цевки. Детаљ од решението со млазен бетон е прикажано на слика..

Model

Постои и можност за заштита преку систем од две мрежи (патарска мрежа притегната со систем од вкрстени челични јажиња) – решение кое овозможува далеку подобри перформанси од стандардното поставување на патарски мрежи, дури и споредливо со млазен бетон – секако ако условите тоа го дозволуваат. OLYMPUS DIGITAL CAMERA

Ова решение е применето во Куманово при заштита на косините на новопроектираниот тунел, како дел од проектот за изградба на железничка пруга, секција Куманово-Бељаковце, Коридор VIII.

Работите за инвеститорот АД ЕЛЕМ (Електрани на Македонија) се започнати во декември 2015 година. Вредноста на проектот е 133.200.000 мкд, а предвидениот рок е април 2017 година.

Print

 

 

Адреса: Народен Фронт 19а, Скопје
тел. +389 2 3112064, факс. +389 2 3224032
octopus@octopus.hr, skopje@octopus.hr
www.octopus.hr

Октопус“ Ријека

Фирмата „Октопус“ Ријека ДОО е основана 1989 година и специјализирана е за геотехнички работи на висина и непристапни места. Членови на управата на „Октопус“ се Ерис Мароти и Борис Чок, алпинисти и градежници кои го препознале пазарот со сè поголема потреба за изведување градежни работи на висина и непристапни места, користејќи алпинистички техники. Таа е прва фирма која во Хрватска го „проби ледот“ користејќи специјални вештини при работа на висина, а денес е водечка фирма во таа област.img_1630

Компанијата се менува и приспособува со секоја нова работа на барање на нарачателот  низ воведување на нови работни технологии, набавка на нова и приспособување на веќе постоечката опрема. Целта на компанијата е да се прошири на странскиот пазар и со квалитетни услуги да го постигне и задржи водечкото место како специјализирана фирма за работа на висина и на тешко достапни места, како и геотехнички работи.20160919_142752

Високите стандарди за квалитет јасно им се пренесени на сите нивоа на вработени во фирмата, како би можеле со заеднички сили да ги исполнат и надминат очекувањата на инвеститорот. Фирмата со текот на годините се разви во една од водечките во нашето подрачје во изведување на геотехнички работи, особено во заштита на косини и санација на свлечишта, со поставување на поцинкувана челична мрежа, вградување на млазен бетон, геотехнички анкери, габиони, бариери за заштита од одрони покрај постоечки или нови сообраќајници или железнички пруги и градежно-темелни јами.

           Предноста на Октопус Ријека се состои во изведување на специјални работи и користење на специјална опрема и техника за работа на висина и непристапни места, и се наоѓа на самиот врв на изведувачи од овој вид на исклучително комплицирани работи.

octopus-rad-na-visini

Фирмата изведува и градежни работи на висина, како што се: санација на бетонски и челични конструкции, мостови, оџаци, бунари, резервоари за вода и тенкови, облакодери и згради, како и индустриски објекти. Компанијата е оценета како многу квалитетна и сигурна од сите инвеститори за кои има работено. Досега нема поднесено никакви рекламации за квалитет на изведените работи, за кои дава гаранција во гарантниот период.

octopus-1

Испрати коментар

Scroll To Top