
Објавен е јавен повик за избор на консултантска куќа која ќе изработи студија на оправданост за можното учество и на приватниот сектор во реконструкцијата и надградбата на Градскиот трговски центар во Скопје.
Оваа студија треба да ги проанализира сите можности за изведување на овој проект преку јавно – приватно партнерство. Консултантската куќа треба да биде избрана до 12 декември, а министерството за изработка на една ваква студија предвидело 5.084.746 денари (80.000 евра). Рокот за изработка на проектот е пет месеци, а потоа би почнала процедурата за избор на приватен инвеститор.
Приватниот партнер за возврат на вложените средства би го добил на 25-годишно користење новиот, трет кат, кој ќе има површина од 12 илјади квадратни метри. Сопствениците на постоечките продавници не би биле засегнати.
Автори на основниот проект за реконструкција и надградба на ГТЦ се Жарко Чаушевски и Филип Богатинов. Овој проект предвидува сосема нова, барокна фасада на ГТЦ, со антички столбови и нова тераса со бројни скулптури на горниот кат.
Асоцијацијата на архитекти на Македонија и повеќе невладини организации се против реализација на овој проект. Тие, заедно со општина Центар бараат референдумско изјаснување на жителите на Центар за овој проект.
Порта3 – градежништво, архитектура и екологија Порта3 – градежништво, архитектура и екологија
Ima li kraj na ovaa budalastina so GTC. Ke mora pak da se organizirame so protesti . Nema drugo so ovie izvitopereni umovi.