Во јаноста не стивнуваат бурните реакции и на социјалните мрежи се постирањето фотографии и коментари поради поставување челични решетки на отворите каде се поставени витражи на Македонимот во Крушево.
Од Националната Установа „Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј – Прилеп“, реагираа на реакциите и велт дека мерките се преодна фаза кон целосна конзервација на споменикот.

„Преземените мерки на споменикот Македониум во Крушево имаат исклучиво превентивна заштитна функција. За конзервација на објектот во тек е изработка на Основен проект за конзервација, реставрација и санација на куполата од Споменикот Илинден-Македониум, во кој ќе се дефинираат сите потребни интервенции во согласност со конзерваторските принципи, стручните стандарди и важечката законска регулатива за заштита на културното наследство“, соопшти директорката на прилепскиот „Завод и музеј“, Мимоза Христоска.

„Македониумот, како споменик на културата од исклучително значење, во ноември 2025 година е прогласен за културно добро во опасност, затоа што повеќе од четириесет години се соочува со сериозни оштетувања предизвикани од долготрајната изложеност на климатско-атмосферските влијанија: навлегување на вода, појава на влага, протекување и биодетериозација, што ја влошуваат состојбата на Споменикот и претставуваат непосредна закана, особено за металната конструкција на која се носат стаклените галерии на првото ниво и витражите од второто ниво, со што е загрозен и ентериерот и автентичните архитектонско-уметнички елементи во него, авторски дела на уметниците Петар Мазев и Борко Лазески. Согласно конзерваторската методологија се наметна итна и неопходна мерка -превентивна заштита. Преземените превентивни активности, содржани во предлогот за превентивна заштита имаат за цел да се отстрани влијанието на надворешнте фактори и да се спречи понатамошната деградација на културното добро. Според тоа, дури по реализација на непосредната заштита на конзерваторскиот проект, ќе може да се коментира за успешноста на неговата реализација“, се вели во соопштението на прилепскиот „Завод и музеј“.
Порта3 – градежништво, архитектура и екологија Порта3 – градежништво, архитектура и екологија