Покривот направен од квалитетни ќерамиди е убедливо супериорен избор за заштита на домот од невреме и пожар.
Кога станува збор за реновирање или градење нов покрив, има многу фактори што треба да се земат предвид пред да се избере покривниот материјал.
Фокусирањето само на цената или на изгледот е нешто што не смееме да си го дозволиме, имајќи предвид дека главната цел на покривот е да го штити објектот и да се грижи за неговата сигурност.
Затоа, безбедноста, односно заштитата што ја нуди покривот при разни временски услови, како при силно невреме или при пожар, е најважната работа на која треба да се размислува.
Ако сакате да бидете сигурни дека вашиот покрив ќе го штити целосно вашиот дом и при такви екстремни услови или временски непогоди, покривот од квалитетни ќерамиди ќе ви се наметне како супериорен избор.

Огноотпорност на највисоко ниво
Квалитетните ќерамиди, особено оние изработени од печена глина, не се запаливи.
Тие се печени на температура од над 1.000 °С и огнот не им може ништо.
Тоа значи дека природните ќерамиди не придонесуваат за ширење на пожарот, не испуштаат отровни гасови при високи температури и можат да ја заштитат целосната конструкција на домот.
Затоа, во подрачја каде што има ризик од сезонски и шумски пожари, токму ќерамидите можат да го спасат домот од горење.

Поправка, реновирање или нов покрив?
Квалитетните природни ќерамиди, кои се дел од системски покривни решенија, какви што нуди Тондах, се стабилен покривен материјал кој го штити вашиот дом и при:
- силни ветришта и бури – поради својата маса и начинот на прицврстување;
- удари од град – бидејќи се изработени со врвна технологија развивана повеќе од два века, глинените ќерамиди Тондах се максимално отпорни на удари и од најголемите замрзнати топки град;
- дожд и влага – системските покривни решенија на Тондах се дизајнирани да бидат вистински штит на вашиот дом и не дозволуваат никаков продор на вода.

Квалитетните глинени ќерамиди траат со децении, а понекогаш и со векови. Бидејќи сме сигурни во квалитетот на нашите природни ќерамиди Тондах и во тоа дека тие ќе бидат сигурна заштита на вашиот дом, за нив нудиме писмена гаранција од 33 години.
Ако барате покрив кој ќе ве штити со децении, отпорен на пожар, невреме и сите видови екстремни услови, супериорните решенија од Тондах се најдобра можна инвестиција.

*Комерцијален текст
Порта3 – градежништво, архитектура и екологија Порта3 – градежништво, архитектура и екологија