Црна Гора преку LIFE проектот Wildlife Crime Academy, ги унапредува капацитетите за борба против криминалот врз дивите животни. Преку овој проект се воспоставува системски пристап во зајакнувањето на капацитетите на институциите за откривање, докажување и процесуирање на кривичните дела, со силна меѓународна соработка и унапредена координација на теренот.

Во септември 2025 година, Црна Гора формирала Оперативен тим за борба против еколошки криминал, како и иницијатива за формирање на специјализиран тим во склоп на Секторот за борба против криминал, кој ќе се занимава исклучиво со овој вид криминал. Развиена е и платформата Čuvaj da te čuva, во соработка со Делегацијата на Европската унија во Црна Гора, која на граѓаните им овозможува да пријават еколошки криминал преку сајтот cuvaj.me. Со цел да се поддржи решавањето на проблемите со илегално убивање, заловување и трговија со птици, вклучувајќи го и користењето на забранети средства и организиран лов без дозвола, изработен е и Национален акциски план 2025 – 2030, со цел намалување на илегалните активности, стабилизација на популацијата на загрозени видови и унапредување на заштитата на клучните живеалишта и миграциски коридори.
Порта3 – градежништво, архитектура и екологија Порта3 – градежништво, архитектура и екологија