Тим од ИЗИИС учествуваше на 10-тата јубилејна меѓународна конференција „Градежно инженерство – Наука и Пракса“ ГНП 2026, која се одржа од 4 до 7 март 2026 година во Будва, Црна Гора. Настанот традиционално го организираше Универзитетот во Подгорица.


Конференцијата собра истражувачи, професори и инженери од регионот, но и од други земји, создавајќи одлична платформа за размена на знаења, идеи и искуства во областа на градежништвото и инженерството. Во официјалниот дел од програмата и работните сесии, тимот на ИЗИИС ги презентираше најновите активности и резултати од тековните научно-истражувачки проекти на институтот, споделувајќи ги своите искуства и достигнувања со научната и стручната заедница.

Учеството на вакви регионални научни настани претставува важна можност за продлабочување на соработката со партнерски институции, како и за промоција на научната иистражувачката работа на ИЗИИС и достигнувањата од областа во Р.Македонија.
Порта3 – градежништво, архитектура и екологија Порта3 – градежништво, архитектура и екологија