Фотонапонските електрани на покривите на зградите во ЕУ би можеле да обезбедат 40% од потрошувачката на електрична енергија, се наведува во првата студија за проценка на потенцијалот на покривите на зградите за производство на енергија.
На покривите на 271 милиони згради во ЕУ, би можело да се постават фотонапонски панели со моќност од околу 2,3TWp, кои би произведувале 2.750TWh електрична енергија годишно со PV технологија. Студијата е изработена од страна на Joint Research Center (JRC) на ЕУ. Тие фотонапонски елекрани би обезбедиле 40% од електричната енергија во идните сценарија за нулта нето емисии на ЕУ.

Студијата, која е објавена во часописот Nature Energy, се базира на првата анализа на ниво на цела ЕУ која го проценува потенцијалот на фотонапонските електрани на покровите за станбени и нестанбени објекти одвоено, на ниво на поединечни згради. Се потпира на најновото издание на Европскиот дигитален модел на фондот на згради (DBSM R2025), геопросторен збир на податоци со висока резолуција кој покрива 271 милиони згради во ЕУ. Исто така ги зема во предвид и подобрувањата во PV технологијата, која довела со скок на ефикасноста на конверзијата на енергијата од 18% во 2018 година на 22% во 2025 година, како и на поголемата густина на инсталирана моќност која е можна на рамните покриви типични за комерцијалните објекти.

Инаку, досега само 10% од покривите на зградите се опремени со фотонапонски системи. И покрај тоа овие капацитети заземаат најголем удел во фотонапонските постројки на ЕУ или 61% од вкупно инсталираните 339 GWp во 2024 година. Од друга страна, зградите се одговорни за околу 42% од потрошувачката на енергија во ЕУ и 36% за емисиите на гасови со ефект на стаклена градина, што ги доведува во фокусот на климатската акција, се вели во студијата.
Порта3 – градежништво, архитектура и екологија Порта3 – градежништво, архитектура и екологија