Насловна / Вести / Инженерството што го возиш секој ден – нов разговор во Engineer Cast

Инженерството што го возиш секој ден – нов разговор во Engineer Cast

Во оваа епизода гостин е асс.м-р Ристе Ристов на тема „патно проектирање – инженерството што секојдневно го користиме, а ретко го забележуваме.  Се зборува за:

  • Зошто во патното проектирање се воведуваат вештачки кривини
  • Дали тие навистина го намалуваат монотоното возење
  • Како влијаат на безбедноста и комфорот на возачите
  • Кои патишта може да се сметаат за најдобро изведени од инженерски аспект
  • Кои се критериумите и стандардите зад еден квалитетен и безбеден пат

 

 

Асс. м-р Ристе Ристов e член на Катедрата за патишта. Дипломирал на Градежниот факултет во Скопје при УКИМ во 2006 година, а магистрирал во 2012 година на Градежниот факултет во Скопје при УКИМ. На прв циклус одржува вежби од следните предмети: „Патишта“, „Проектирање патишта“ „Патни јазли“ и „Горен строј на патишта“ на СП Градежништво и „Основи на сообраќајници“ на СП Геодезија. На втор циклус одржува вежби од следните предмети: „Проектирање патишта II“, „Градски сообраќајници“, „Градски сообраќајници II“, „Ревизија на безбедноста на патиштата“ и „Сообраќајно техничка опрема и паркиралишта“ на СП Градежништво – транспортна инфраструктура.

 

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top