Насловна / Вести / Загреб има нов план за управување со отпадот

Загреб има нов план за управување со отпадот

Град Загреб ги стави на јавна расправа Стратешката студија за влијанието врз животната средина на Планот за управување со отпадот за периодот до 2029 година, како и Планот за управување со отпад на Град Загреб за периодот до 2029 година. Планот за управување со отпад е клучен стратешки документ кој ќе го определи понатамошниот развој на системот за управување со отпад во Загреб, соопштуваат градските власти.  Јавната расправа трае од 05.01. 2026 до 04.02.2026 година. Новиот План ќе го замени Планот за управување со отпад на Град Загреб за периодот 2018 – 2023 година.

Новиот План предвидува понатамошно намалување на количината на отпад кој завршува на депониите, зголемување на стапката на одвоено собирање и постепено затворање на одлагалиштето Јакушевец, чиј капацитет може да се користи до 2029 година. Се планира и интегриран систем за управување со отпад, усогласен со европските цели за циркуларна економија. Еден од главните проекти предвидени со Планот е изградба на Центар за управување со отпад во Загреб, кој ќе овозможи обработка на мешан комунален отпад, биоотпад и одвоено собраниот рециклабилен отпад (селекција на отпадот). Планот вклучува и ширење на мрежата на подземни и полуподземни контејнери и формирање на центар за повторно користење како централна точка за собирање и редистрибуција на материјалите кои ќе може повторно да се искористат. Посебен акцент е ставен на намалувањето на загадувањето на водите и почвите, намалување на отпадот од храна, како и на едукативните програми.

 

Испрати коментар

Scroll To Top