Насловна / Вести / Роботакси во Загреб, веќе напролет станува реалност

Роботакси во Загреб, веќе напролет станува реалност

Мате Римац, основачот и извршен директор на компаниите Rimac Automobili и Rimac Grupa, најави дека Vernе, автономното електрично роботакси, доаѓа во Загреб во 2026 година. Римац го претстави овој концепт во јули минатата година. Проектот го осмислил со двајца колеги од Rimac Grupa. Компанијата задолжена за развој е  Project 3 Mobility, која добила поддршка од хрватската влада и ЕУ.

Најавата е пропратена со анимирано видео, кое е изработено со помош на вештачка интелигенција. A small story about a robotaxi, enjoy or ignore, пишува на почетокот на видеото. На крајот е пораката дека Vernе стигнува во загреб напролет 2026 година. Инаку, овој проект е доста критикуван, посебно бидејќи минатогодишното претставување поради технички проблеми не мина според планот. Многумина му забележуваат на Римац дека не направил ништо конкретно во врска со роботаксито, а добива пари од држават и од ЕУ.

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top