Насловна / Вести / Еколошки индекс – нов урбанистички параметар за Белград

Еколошки индекс – нов урбанистички параметар за Белград

Еколошкиот индекс (EI), претставува поим кој со важечки плански документ е предложено да се воведе како нов урбанистички параметар во праксата на планирање на Белград. Суштински, EI е нумеричка вредност со која се изразува еколошкото значење и придонесот кон квалитетот на живот кој го пружаат различните форми на вегетација на градската парцела, а која служи за проценка на квалитетот и квантитетот на урбаното зеленило. Најголемиот предизвик за реализација е неадекватниот и недоволно детален приказ на микроклимата и состојбата на постоечката морфологија на изградени делови, со цел да се следат ефектите од примената на EI –особено во однос на финансиските и организационите можности. Воведување на односот помеѓу еколошки ефективни површини и вкупната површина на парцелата, за прв пат е направено во Берлин во 1994 година, под името Biotope Area Factor (BAF), по што бројни градови развиле сопствени верзии, како и називи.

Елементите кои учествуваат во одредувањето на EI се различните форми на вегетација на една парцела. За одредени форми на вегетација, односно „еколошки функционални простори (EFP), како што се: растенија садени директно во порозно тло, растенија во супстрат со различна дебелина, дрвја со различни големини, зелени покриви и фасади, биоретензии и сл., дефиниран е тежински фактор (TF) во зависност од еколошкото значење. Истиот принцип применет е и за полупорозните и порозните површини, системите за собирање на дождовница, односно за сите структури кои придонесуваат за намалување на последиците од климатските промени. Така на пример, озеленетите простори во директен контакт со тлото имаат највисок TF, кој изнесува 1,0. Тоа покажува дека ваквиот вид на вегетациона форма има најголем еколошки придонес на парцелата и во урбаната средина. Во зависност од големината и пречникот на крошната, за дрвјата се зема TF помеѓу 0,3 до 0,9. Според тоа, може да се забележи дека покрај изборот на EFP, тежинскиот фактор е еден од клучните параметри за мерење на EI. Исто така, клучна е и површината која ја зазема одреден еколошки функционален простор, како и површината на парцелата. Земајќи ги во предвид наведените елементи, EI се определува така што збирот на површините на одделните EFP парцели помноженисо соодветните TF, се подели со вкупната површина на парцелата. Според тоа, EI овозможува проектирање кое остава слобода, се додека не се постигне бараната пропорција на еколошки значајни и останати простори, односно пропишаниот еколошки индекс за одредено подрачје.

Со цел светските и европските искуства да се применат и во Белград, прв пат е свртено вниманието кон оваа тема во 2009 година во Концептот на Планот за генрална регулација на системот на зелени површини на Белград, a во усвоениот План во 2019 година, за прв пат e предложено воведување на овој парамтар под името Еколошки индекс (EI). Во текот на 2022 година изработен е Проектот „Зелена инфраструктура во компскт град – еколошкиoт индекс кaко интрумeнт нa отпорноста на климатските промени“, со кој е наравена aнализа и оценка на EI на постоечки пилот подрачја во Белград. Врз основа на системската анализа за можностите за зголемување на EI за конкретна намена, дадени се предлози за целн еколошки индекси по подрачја и планирана намена. Исто така, иницирано е унапредување на јавните политики на ниво на град Белград и воведување на EI во процесот на урбанистичко планирање.

Испрати коментар

Scroll To Top