Словенечкиот оператор на преносниот и дистрибутивниот систем ELES и италијанскиот оператор на преносниот систем Terna, потпишале договор за унапредување на меѓудржавните електроенергетски мрежи вреден 250 милиони евра. Целта на проектот е зголемување на преносниот капацитет помеѓу двете земји за 600MW, односно за над 50%, што би овозможило постабилно снабдување и поголема размена на електрична енергија. Овој чекор е финализиран по десетина години координација.

Oplus_131074
Проектот се состои од три надградби, односно ќе се зголемуваат капацитетите на еден далековод од 400KV, и на две далеководни врски од 220KV. Вкупната вредност на проектот изнесува 250 милиони евра. Словенечкиот удел во проектот е проценет на 90 милиони евра, а италијанскиот на 160 милиони евра. Финанирањето во еден дел ќе биде обезбедено од европските фондови. По завршувањето на проектната документација, изведбата е планирано да започне во 2029 година, а проектот целосно да заврши до крајот на 2031 година.

Порта3 – градежништво, архитектура и екологија Порта3 – градежништво, архитектура и екологија