Асоцијацијата на архитекти на Македонија, секоја година доделува Голема годишна награда на ААМ за најуспешно реализирано архитектонско дело за 2025 година, која е под покровителство на Претседателот на РС Македонија.
Право на учество имаат сите архитекти со завршен VII степен на образование и кои се државјани на Република Северна Македонија. Учесниците пријавуваат свои авторски дела – реализирани архитектонски објекти на територијата на државата, кои се изведени во истата календарска година.
Право на предлагање на учесници имаат и сите физички лица, државјани на Република Северна Македонија.

Предлогот треба да содржи:
- име на објектот
- име на авторот / авторите
- овластување на проектантот / проектантите
- технички опис
- извод од план, ситуација
- сите графички прилози (основи, пресеци, изгледи), 3Д визуелизации
- фотографии од објектот
Наведениот материјал се доставува електронски на e-mail: [email protected]
Рокот за предавање на документацијата е до 26.11.2025 година.
Напомена: Учесниците кои не се членови на ААМ, а се наведени како автори, за учество плаќаат котизација од 3.500,00 денари по пријавен труд. Доказот за уплата на котизацијата е потребно да се достави со останатите материјали.
Телефон за информации: 070 377 258, Лице за контакт: Марија Димитриевска Цилакова

Порта3 – градежништво, архитектура и екологија Порта3 – градежништво, архитектура и екологија