Насловна / Вести / Како Словенија искористи милиони неповратни средства од ЕУ?

Како Словенија искористи милиони неповратни средства од ЕУ?

Пред четири години, на Словенија и е одобрен Планот за опоравок и отпорност (ПОО), од страна на Советот на ЕУ. Во текот на изминатиот период, оваа земја реализирала бројни активности кои водат кон негова полна реализација. Благодарение на европските средства, модернизирани се железнички станици, унапредени се водоводни и канализациони системи, бројни компании се поттикнати на премин кон позелено и поефикасно производство, а стотици млади луѓе го добиле првото вработување.

Од почетокот на спроведувањето на Планот, Словенија поднела четири барања за исплата на средства, и тоа за шест транши неповратни средства и три транши заеми. Според проценката на надлежните министерства, реализирани се 296 проекти, односно 78% од Планот. За Словенија се резервирани вкупно 2,23 милијарди евра европски средства, од кои 1,61 милијарди евра се неповратни средства. Овие средства се исплаќаат дури откако Европската Комисија ќе потврди дека зададените цели се исполнети.

 

Испрати коментар

Scroll To Top