Јапонски научници развиле пластика која во морска вода се распаѓа во рок од неколку часа, што би можело да биде решение за загадувањето на океаните кое го загрозува морскиот жив свет.
Познато е дека стручњаците ширум светот веќе подолг период експериментираат со биoразградливата пластика, а сега научниците од центарот „РИКЕН“ и Универзитетот во Токио развиле нов материјал кој многу брзо се распаѓа и не остава отпад. Научниците не презентирале детален план за комерцијализација, но водачот на тимот вели дека истражувањето веќе привлекло значаен интерес, вклучувајќи ги и компаниите за производство на амбалажа.

Голем број научни тимови во светот се во потрага по решение за решавање на растечкиот проблем со пластичниот отпад, на кој укажуваат и бројните кампањи по повод Светскиот ден на животната средина – 5-ти јуни. Се очекува пластичното загадување тројно да се зголеми до 2040 година, што значи дека во светските мориња секоја година ќе завршат дополнителни 23 до 37 милиони тони пластика.

Порта3 – градежништво, архитектура и екологија Порта3 – градежништво, архитектура и екологија