Насловна / Вести / Volvo згаснува речиси 3.000 работни места

Volvo згаснува речиси 3.000 работни места

Шведскиот производител на автомобили Volvo Cars, објави дека планира да укине речиси 3.000 работни места во администрацијата на глобално ниво, со цел да ги намали трошоците во фазата на префрлање на тежиштето од целосно електрични возила на plug-in хибриди. Компанијата со седиште во Гетеборг, од неодамна е под контрола на кинеската Geely. Со ова кратење, ќе бидат затворени околу15% од канцелариските работни места, кои во најголем дел се наоѓаат во Шведска.

Управата ги најави овие промени уште во април, при презентирањето на деловните резултати во првото тромесечие. Дополнителни 1,9 милијарди долари планирано е да се заштедат со други мерки. Volvo рано се фокусираше на производство на целосно електрични автомобили, и во изминатите години ги трпи последиците од високите трошоци за материјали за батерии. Менаџментот напоменува дека во иднина тежиштето ќе се префрли на plug-in хибриди.

Испрати коментар

Scroll To Top