Насловна / Вести / Ниш го модернизира системот за далечинско греење и воведува обновливи извори

Ниш го модернизира системот за далечинско греење и воведува обновливи извори

Откако е завршена рехабилитацијата на три километри топловод и една котларница, Ниш и натаму настојува да одржува не само ефикасен систем за далечинско греење туку и систем кој во значителен обем ќе се потпира на обновливи извори на енергија. Во таа насока, следната фаза за унапредување на системот се однесува на инсталирање на топлинска пумпа „вода – вода“ на една од котларниците, која ќе користи како топлински извор вода од реката Нишава. На тој начин ќе се супституира дел од природниот гас кој досега се користи како енергент.

Освен модернизација на инфраструктурата, дополнителни заштеди во испораката на топлинска енергија ќе се обезбедат преку енергетска санација на девет станбени згради. Овој проект ќе биде реализиран преку ESCO модел. Оваа санација на објектите се одвива во континуитет преку јавни повици, а следниот е закажан за јуни годинава.

Испрати коментар

Scroll To Top