Инспириран од потребата за заштита и безбедност, комплексот Cocoon ќе се состои од необични згради во форма на гнездо, кои ќе бидат изградени во Тулум, Мексико. Комплексот е проектиран како комбинација од живеење, хотелско сместување и велнес искуство.

Овој проект потпишан од познатата архитектонска фирма „DNA Barcelona Architects“ е целосно иновативен во естетика и технологија.
Полукружни згради, опкружени со висока фасада, создаваат простор во кој луѓето се чувствуваат безбедно и слободно да уживаат или да се поврзат со другите станари.

Комплексот од над 46 илјади метри квадратни ќе опфати три станбени згради и две хотелски згради, со 204 апартмани и 167 соби, како и 16 приватни вили.

Концептот се родил со идејата на гостите да им се обезбеди луксузно и удобно засолниште, идеално место за бегство од секојдневниот живот.
Луксузните објекти се проектирани и позиционирани да овозможат непречен поглед на природата, како и изолирана и мирна средина без оглед на близината на објектите.

Секое „гнездо“ функционира како независна единица, во чиј центар е зона за заеднички активности со голем базен како централен елемент.
Во рамките на секој објект ќе има базени, детски игротеки, конференциски сали, ресторан, бар и зони под автохтони растенија кои ќе го збогатат целиот простор.



Порта3 – градежништво, архитектура и екологија Порта3 – градежништво, архитектура и екологија