Можеби звучи како премногу детска варијанта и може да изгледа малку опасно, но оваа дрвена лулашка е исклучително оригинално парче мебел што може слободно да се постави на било кое место.

Оваа необична дрвена лулашка е совршен начин за одмор и релаксација.

Неговата едноставна тркалезна форма лесно се прилагодува на различни модерни декори, па слободно може да се каже дека е убав, функционален и модерен дизајн кој всушност поттикнува движење додека седите. Внатрешната лулашка е идеална за сите оние домови кои се карактеризираат со високи тавани и вишок простор, а изработена е од фурниран даб полиран со природни масла и восок.

Достапна е во боја на природен даб, бела и црна, отпорна на сите временски услови, па затоа е одличен избор за балкони и градини.



Порта3 – градежништво, архитектура и екологија Порта3 – градежништво, архитектура и екологија