Насловна / Вести / ЕУ издвојува милијарди евра за „зелени“ проекти на Балканот

ЕУ издвојува милијарди евра за „зелени“ проекти на Балканот

Европската Унија подготвува пакет еколошки проекти “Зелена агенда“ за земјите од Западен Балкан, на кои заедно ќе работат Европската Комисија и високиот претставник за надворешна политика, се нагласува во усвоениот документ “Европска зелена политика“.  Документот, кој од Комисијата е проследен до Европскиот парламент и Европскиот совет, предвидува еколошки и енергетски партнерства со овие земји, со цел намалување на зависноста од валканите технологии како јагленот, нафтата и мазутот. Иако сеуште не се дефинирани конкретните проекти, ниту пак конечната сума која ќе биде издвоена за овие цели, во документот се наведува дека најмалку 25% од сите средства за регионот ќе бидат насочени за еколошки проекти како ветерни паркови, соларни електрични централи, електромобилност и слични проекти. Тоа би значело, дека во наредниот петгодишен период, на регионот ќе му бидат на располагање милијарди евра грантови и кредити за зелени проекти.

Крајната цел на овие мерки е до 2050 година Европа да биде јаглеродно неутрална. Европскиот совет за надворешна политика во својата анализа истакнува дека постојат најмалку четири причини поради ко Европската Унија мора да го вклучи Западниот Балкан. Имено, енергетските системи на ЕУ и Западен Балкан се веќе поврзани, а понатамошната интеграција е извесна. Понатаму, Западен Балкан веќе има развиена мрежа на обновливи извори на енергија, чии капацитети можат и натаму да се прошируваат. Исто така, политиката на усогласување на цените на енергетнтите би можела да ја изостави оваа регија, а тоа е сценарио кое мора да се избегне.

greenagenda1

greenagenda2

OLYMPUS DIGITAL CAMERA

greenagenda4

greenagenda5

 

Испрати коментар

Scroll To Top