Насловна / Вести / Норвешка авио компанија која нема да го загадува воздухот

Норвешка авио компанија која нема да го загадува воздухот

Најголемата норвешка и скандинавска авио компанија Widerøe, во соработка со Rolls Royce, планира да развие концепт на електрични летови без емисии на стакленички гасови, со кој ќе ги извршува своите летови ширум светот, и тоа планира да се случи пред 2030 година. Програмата е најавена на настанот „Чист воздушен простор“ во британската амбасада во Осло. Директорот за стратешки прашања во Widerøe, изјавил дека партнерството со Rolls Royce како најпознат светски производител на мотори, е многу значајно и дека им е драго што заедно учествуваат во пионерскиот зелен потфат. Првата фаза е веќе во тек, а учествуваат експерти од Норвешка и Велика Британија.  Владата на Норвешка ја поддржала програмата и најавила план за авио индустријата до 2040 година, со главна цел сите национални летови да бидат со нула емисии.

Wideroe1

wideroe2

Испрати коментар

Scroll To Top