Хрватскиот дизајнерски колектив Grupa Studio го претстави својот најнов производ. Се работи за столчиња кои го носат името „Брида“, и освен што се модерни, тие делуваат многу софистицирани, минималистички, и со доза на ненаметлив акцент во себе. 
Самата колекција во суштина е резултат на комбинирање на современата технологија, обработката на дрво и прецизното рачно работење. 
Во колекцијата „Брида“ има и столици со или без потпирачи за раце, и тие доаѓаат во пет различни нијанси, како што се маслинеста, темно сина, боја на праска, бела и светло сива боја. 
Нивната посебност е видлива во деталот на косо пресечената ивица која продолжува со континуирана линија до остатокот од структурата на самата столица.

Порта3 – градежништво, архитектура и екологија Порта3 – градежништво, архитектура и екологија