Насловна / Архитектура / 7. Годишна изложба на Факултетот за архитектура и дизајн на УАКС – ГИФАД 2016: Нов концепт и визуелен изглед

7. Годишна изложба на Факултетот за архитектура и дизајн на УАКС – ГИФАД 2016: Нов концепт и визуелен изглед

На почетокот на месец јуни, Музејот на град Скопје ги отвори вратите за 7. Годишна изложба на Факултетот за архитектура и дизајн на УАКС. На изложбата, оваа година, ѝ беше даден еден поинаков концепт и визуелен изглед.

На неа беше претставен избор од 50 карактеристични решенија, иако бројот на проекти кои се реализирани е многу поголем. Изложбата е потврда дека Факултетот за архитектура и дизајн е активен учесник на културната сцена во Скопје.KPO_6121

Во првиот изложбен дел беа креирани 16 изложбени паноа – призми на кои се претставени педесет специфични идејни архитектонски решенија и проекти, тематски конципирани за потребите на Дојран, изработени од студентите од сите академски години, од двата циклуса на студии.KPO_6141

Токму соработката со Општина Дојран беше она што ја одбележа минатата година. Студентите од повеќе генерации од двата циклуса на студии, работеа на проекти за различни типови објекти и дизајни лоцирани во општината. Проектните програми беа структурирани во насока на задоволување на потребите како на локалното население, така и на бројните туристи кои го посетуваат ова наше познато езеро. Па затоа експонатите ќе бидат презентирани подоцна на изложба во Дојран, а проектите ќе бидат предадени на општината за нивна понатамошна реализација.KPO_6106

Во останатиот дел од музејот беа поставени уште два концепти. Едниот од учеството на овогодишната манифестација „Биста 2016“, а вториот концепт беа директно поставени студентски проекти на еден хоризонтален објект и се однесуваат на другите предмети кои ја сочинуваат целокупната наставна програма на факултетот. Со овој приказ се дава пресек на целокупното работење во академската 2015/2016 година.KPO_6111

Забележлив беше и проектот за колективно домување – Домување во трето животно доба, кој е продукт на традиционалната соработката со Домот за стари лица „Мајка Тереза“ во с. Злокуќани.  Интересно е што студентите од трета година својата завршна презентација на проектот ја имаа токму таму, а на предметниот наставник и на неговите соработници, во улога на комисија, им се придружија и корисниците на домот.KPO_6102

За потенцирање на потребата од директен контакт на студентите со локацијата и со корисниците, тие работеа и надвор од академската средина. Студентите од трета година, на предметот Ентериер 2, работеа во просторот на Националната галерија „Мала станица“, а предметот на проектирање беше токму просторот на оваа институција. Директно во просторот на нивната задача, во контакт со вработените како извор на информации и како идни  директени корисници на новите решенија на работниот и комерцијален простор на институцијата.KPO_6113 KPO_6121 KPO_6124

На факултетот за архитектура и дизајн на УАК, а тоа се виде и на изложбата, постојано се следи зацртаната образовна политика на школата таа да биде општествено ангажирана и посветена на реалните проблеми на заедницата од аспект на урбанизам, архитектура, дизајн, екологија. Оттука и годинава, како и сите изминати, изложбата во оформувањето исклучиво го следи концептот на користење на материјали за рециклирање и реупотреба, со помош на компанијата „Пакомак“.KPO_6099 KPO_6090 KPO_6088 KPO_6085 KPO_6075 KPO_6078 KPO_6068 KPO_6066

Пишува: проф. д-р Мишко Ралев, декан на ФАД на УАКС

Фото: Киро Попов

Испрати коментар

Scroll To Top