Насловна / Архитектура / 14 проекти на југословенските архитекти во Африка и Блискиот Исток

14 проекти на југословенските архитекти во Африка и Блискиот Исток

Во последно време модернистичката архитектура на Југославија се повеќе го интригира светот и станува препознаена како единствена архитектонска сцена. Поради политиката на поранешна Југославија, остварените влијанија кои земјата ги негувала со креирање и учествување во Движењето на неврзаните, била во можност своите архитектонски дела и модернистичката естетика да ги извезува во многу држави кои биле членки на ова движење. Една од најголемите траги на југословенската архитектура постигната е со создавање на голем број објекти и инфраструктура ширум Африка и Блискиот Исток, пишува Spomenik Database.

1. Меѓународниот саем во Лагос, Нигерија

Архитекти: Зоран Бојовиќ, Предраг Ѓаковиќ, Милорад Цвијиќ и Љиљана Бојовиќ

Година на изградба: 1974-1977

niger2

На локација покрај авто-пат Лагос – Бадагри, на парцела од 350 хектари изграден е комплекс на саем со цел да се организира првиот меѓународен саем во 1977. година. Саемскиот простор на површина од 40.000 квадратни метри го изградила фирмата „Енергопроект“, додека проектот го изведувал тим предводен од белградскиот архитект Зоран Бојовиќ. Тој инспирацијата за кружната форма на комплексот ја добил при посета на нигериските села, каде од локалните деца побарал да му нацртаат мапа на нивните мали заедници. И покрај тоа што во комплексот и денес се организираат многубројни настани, многу негови делови се во лоша состојба.

nig

2. The FINDECO House, Лусака, Замбија

Архитекти: Душан Миленковиќ и Бранимир Гановиќ

Година на изградба: 1971 -1974

zambija

Со висина од 90 метри и 23 ката на кои е организиран простор со површина од 8.900 квадратни метри, FINDECO House е највисока зграда во Замбија, што и понатаму ја прави една од најпопуларните во земјата. Зградата е единствена по својата конструкција, каде плочите се конзолно испуштени во однос на централен столб. Кулата е изградена во ек на замбискиот извоз на бакар, но штом е завршен објектот, цените на бакарот паднале, што ја оставило земјата во рецесија која трае и денес. Оваа зграда денес функционира како канцелариси и продажен простор. Последните години се вложуваат напори да се организира обнова и модернизација на кулата.

3. Меѓународен конференциски центар, Кампала, Уганда

Архитекти: тим на југословенската инженерско – градежна фирма „Енергопроект“

Година на изградба: 1975

uganda

Конференцискиот центар е изграден по повод организирање на 13. самит на Организацијата на афричко единство (OAU). Градбата со шестоаголна форма обложена е со алуминиумски панели, кој воедно и штитат од тропското сонце. Злогласниот претседател на Уганда, Иди Амин, центарот го користел за разновидни активности, а последниве години неколкупати е обновен.

uganda1

4. The Babylon Hotel, Багдад, Ирак

Архитекти: Едвард Равникар, Мајда Крегар, Едо Равникар Jr и Миха Керин

Година на изградба: 1969-1982

irak1

Скалестата структура е изградена со намера да биде симбол на Вавилонска градина, меѓутоа интересно е дека словенечкиот архитектонски тим, всушност објектот го извел според проект кој првобитно бил наменет за изградба на објект во Будва, каде тој требал да претставува огледало на околните планини. Меѓутоа откако пропаднале првобитните планови, според многу малку изменетиот проект, изграден е хотелот во Багдад. Хотелот одлично работел, дури и за време на војната, кога претрпел неколку напади во текот на 2010. и 2015. година, што предизвикало сериозни оштетувања.

irak

5. Conference Palace, Либревил, Габон

Архитекти: тим на југословенската инженерско – градежна фирма „Енергопроект“

Година на изградба: 1977 (објектот е срушен во 2014)

gabon

Масивниот комплекс на конференцискиот центар изграден е по повод организирање на 14. самит на Организацијата на афричко единство (OAU). Комплексот бил изведен според проект кој комбинирал најфини стилови од тој период, а раскошното предворје го красел масивен релјеф на белградскиот уметник Миодраг Живковиќ (едно од неговите најпознати дела е споменикот „Битка на Сутјеска“, Тјентиште). Некои извори овој објект го опишуваат како најлуксузна зграда од овој тип во Африка, но тој сепак во 2014. година е срушен, за да се изгради нов комплекс за претседателот на Габон.

gabon2

6. Конференциски центар Мулунгуши, Лусака, Замбија

Архитекти: тим на југословенската инженерско – градежна фирма „Енергопроект“

Година на изградба: 1970

lusaka

Изградбата на овој објект е резултат на тогашната криза, кога претседателот на Замбија требал да биде домаќин на 3. состанок на Движењето на неврзаните. Меѓутоа проблемот бил што Замбија немала каде да го организира поменатиот настан, па така инженерите на „Енергопроект“ за кратко време го направиле проектот за изградба на центарот. Центарот е создаден во рок од четири месеци и бил спремен за состанокот, со капацитет од преку 4.000 места и со 65 околни вили за смсетување на гостите. Центтарот денес е во употреба и е во добра состојба.

lusaka1

7. Резиденцијален комплекс, Al Khulafa, Багдад, Ирак

Архитекти: Зоран Бојовиќ и Лилјана Бојовиќ

Година на изградба: 1984

alkafala

Две кули со по 11 ката модернистички по својот стил, но во нив истовремено се рефлектира и традиционалната архитектура на Ирак. Со својата висина и белата боја, кулите се итсакнуваат во однос на околните традиционални куќи и служат како орјентир во градот. Кулите и денес се во добра состојба.

 8. Хотел Шератон, Хараре, Зимбабве

Архитекти: Зоран Бојовиќ и Лилјана Бојовиќ

Година на изградба: 1982-1986

seraton

Во времето кога е изграден како хотел Шератон со пет ѕвезди, бил прв од овој вид, а и до денес останал единствен и воедно и најголем хотел во Зимбабве со околу 400 соби. Објектот го карактеризира глатка и закривена златна фасада со масивни стаклени површини. Објектот во 2005. година го сменил името во Rainbow Towers и понатаму се ноаѓа во одлична состојба.

seraton1

9. Меѓународен аеродром, Ентебе, Уганда

Архитект: Александар Кековиќ

Година на изградба: 1972-1973

entebe

На оклу 45 километри јужно од главниот град на Уганда сместен е меѓународниот аеродром Ентебе. Овој објект, за жал, глобално е познат по меѓународниот инцидент од 1976. година, кога авион кој полетал од Тел Авив за Париз е грабнат, а потоа пренасочен токму на овој аеродром, бидејќи нападот на грабнувачите бил подржан од Иди Амин, претседателот на Уганда. Три години подоцна, аеродромот го задесила друга несреќа, кога некои негови делови се уништени во војната помеѓу Уганда и Танзанија. Аеродромскиот комплекс се уште е во функција, но постојат планови за негова обнова и модернизација.

10. State Ministries Complex, Кано, Нигерија

Архитекти: Милица Штериќ и Зоран Бојовиќ

Година на изградба: 1978

kano

За да се изборат со јакото сонце, архитектите како доминантна боја ја избрале белата, а влијанието е намалено и со решеткасти отвори пред прозорите, што била техника позајмена од традиционалната локална архитектура. Овој објект на „Енергопроект“ е направен од префабрикувани елементи, што ја зголемило ефикасноста и брзината на градбата. Објектот работи и денес и се наоѓа во добра состојба.

11. Главна пошта, Адис Абеба, Етиопија

Архитекти: Иван Штраус и Здравко Ковачевиќ Ivan

Година на изградба: 1964

etiopija

Реализацијата на овој проект во голем дел се случила како резултат на силната врска помеѓу Хајле Селасије, царот на Етиопија и Јосип Броз Тито. Пртоектиран во интернационален стил, овој масивен комплекс се состои од две одвоени и издолжени модернистички згради од по осум ката. Комплексот и денес ја има оригиналната функција и е во добра состојба.

12. Меморијална болница Duke of Harar, Адис Абеба, Етиопија

Архитекти: тим на фирамата „Унион Инженеринг“

Година на изградба: 1964-1973

bolnica_eti

Прочуената „Болница на црниот лав“ организирана на осум ката и долга 155 метри, и покрај тоа што во текот на изградбата наидувала на финансиски проблеми, кога е отворена претставувала најголема и технички најнапредна медицинска установа во Етиопија, која ја раководел тим од швајцарски лекари. Денес, болницата и понатаму работи, но нивото на медицинска нега заостанува во однос на останатите земји во Африка.

13. Конференциски центар Bayan, Кувајт

Архитекта: Стојан Максимовиќ

Година на изградба: 1987

kuvajt

Откако во 1979. година го проектирал белградскиот Сава Центар, Стојан Максимовиќ станал еден од најславните архитекти во Југославија. Како резултат на овој успешен проект, Владата на Кувајт го повикала да учествува на конкурс за реализација на новиот комплекс на конференцискиот центар во земјата. Максимовиќ со своето решение победил на конкурсот, а набрзо потоа почнала и изградбата.

Меќутоа некои извори велат дека од некои причини, конечната форма на комплексот изгледала значително различно во однос на идејниот проект на Максимовиќ. За жал по три години од отварањето, центраот претрпел значителна штета за време на војната. Сепак, по обемниот проект за обнова, комплексот повторно е отворен и денес работи како најголем од овој тип во Кувајт.

kuvajt1

оригинален цртеж на Максимовиќ

14. Пет објекти на Универзитетот Kwame Nkrumah, Кумаси, Гана

Архитекти: Мира Марасовиќ, Никса Цико и Џон Оусун-Адо

Година на изградба: 1964 – 1968

kumasi_gana

Unity Hall

Во тек на 1960. година, Владата на Гана одлучила малото училиште, познато како технолошки факултет  Kwame, стане универзитет. Во тек на наредните години на комплексот му се додадени голем број објекти. Пет нови универзитетски згради проектирани се од југословенски архитекти и ги носат имињата Vice-Chancellor’s Lodge, Unity Hall, Africa Hall, Senior Staff Club и College of Architecture.

Africa Hal

Africa Hall

staf (1)

Staff Club House

College of Architecture

College of Architecture

Vice-Chancellor’s Lodge

Vice-Chancellor’s Lodge

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top