Насловна / Вести / Изложба на графики од Снежана Малетин во Прилеп

Изложба на графики од Снежана Малетин во Прилеп

Денес (1 април) во 20 часот, во ликовната галерија на Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп, ќе биде отворена изложба на графики од уметницата Снежана Малетин. maletin-2

На изложбата ќе бидат претставени 20 дела на Малетин. Станува збор за графики создадени во периодот од 2015 и 2016 година, како резултат на истражувањето на авторот на безбедни и нетоксични материјали во графичките техники.

Дел од графиките се работени како монотипии, директно сликани на линолеум со бои за печатење на водена база, а дел од нив се комбинирана техника со литографија или само литографија на алуминијумска фолија која се користи во домаќинство.

Малетин досега имала седум самостојни и повеќе од 10 групни изложби во земјава и странство.

Изложбата во Прилеп ќе биде отворена до 16 август, а е финансиски поддржана од Министерството за култура.

Испрати коментар

Scroll To Top