Насловна / Арт и дизајн / Изложба на дела од 54. Меѓународна струмичка ликовна колонија во Прилеп

Изложба на дела од 54. Меѓународна струмичка ликовна колонија во Прилеп

Денес, во 19 часот, во ликовната галерија на ЦК„Марко Цепенков“ во Прилеп, ќе биде отворена изложба на дела од 54. Меѓународна струмичка ликовна колонија, што ја организира ЦК од Струмица.strumicka-kolonija
На увид пред љубителите на уметноста се 25 дела создадени на оваа реномирана ликовна колонија на која лани учествувале 17 домашни и седум странски автори.

„Струмичката ликовна колонија има долга традиција и во неа поминале голем број реномирани ликовни уметници. Една од карактеристиките на оваа манифестација е слободниот израз. Слободата е најважна за авторот, ако е тој послободен, тој е и покреативен“, велат од Струмичката ликовна колонија. Изложбата во Прилеп е плод на соработката меѓу двата центри за култура- од Прилеп и од Струмица.

Испрати коментар

Scroll To Top