Насловна / Вести / Загреб: Прв хостел во вагон на железничката станица

Загреб: Прв хостел во вагон на железничката станица

zagreb hostel vagon

Ноќевање во вагон, во спална кола на колосекот на Главната железничка станица во Загреб, со целата потребна инфраструктура на еден хостел, веројатно за многумина е посебно доживување. Кога кон тоа ќе се додаде и пристапната цена, како и близината на туристичкото средиште на Загреб, тогаш навистина се работи за оригинален проект, кој е прв од ваков вид не само во Хрватска туку и пошироко.

Zagreb hostel vagon1

Проектот “Adriatic Train Hostels” нуди сместување во вагони – хостели на колосеци кои не се во употреба. Се работи всушност за иновативна идеја на авторот на проектот и сопственик на истоимената компанија, кој токму покрај железничката станица го поминал своето детство. Идејата е препознаена од страна на Министерството за туризам кое обезбедило субвенции за реализација на проектот. Вагонот – хостел на Главната железничка станица во Загреб ги задоволува сите пропишани услови за хостел, а се планира отворање на уште два вакви вагони на истата станица. Дополнително, по три нови хостели од овој вид ќе бидат отворени на станиците во Сплит, Шибеник, Задар, Риека и Пула. Мора да се пофали и одрживоста на овој концепт, со оглед на фактот што се работи за стари, користени и истрошени вагони кои инаку би завршиле како старо железо, но оваа идеја им вдахнува нов живот.

Zagreb hostel vagon2

Предноста на овие хостели е што се наоѓаат во самиот центар, буквално на триесетина метри од меѓународните железнички линии, а доволно блиску до јавниот превоз и центарот на градот со сите свои знаменитости. Вагонот – хостел во Загреб е типичен вагон – спална, односно т.н. VL вагон кој до пред 5-6 години редовно сообраќал на релацијата Љубљана – Сараево- Скопје, но векот на траење на вагонот веќе истекол. „Ова е идеално место за ноќевање за патникот кој продолжува со патувањето веќе наредниот ден, или сака да остане на неколку дена во градот. Првенствено е наменет за младите, а цените за ноќевање се движат од 12,5 до 35 евра во зависност од условите кои се нудат“, велат од “Adriatic Train Hostels”.

 

 

 

 

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top