Насловна / Вести / Во Словенија се гради нова хидроцентрала на Сава

Во Словенија се гради нова хидроцентрала на Сава

Hidrocentrala Brezice Slovenija2

Изградбата на хидроцентралата „Брежице“ на реката Сава во Словенија, напредува според предвидената динамика, а пренасочувањето на реката би требало да започне во јуни. Во тек е монтажа на хидромашинската опрема, а рокот за завршување на најголем број од работите на акумулацијата е предвиден за 15 декември.

Hidrocentrala Brezice Slovenija1

Вредноста на оваа енергетска инвестиција е 118 милиони евра, додека на уредување на инфраструктурата (акумулација, патишта и сл.) предвидени се 173 милиони евра. Функционалните и другите испитувања се планирани за првата половина на 2017 година, додека техничкиот преглед и пробната работа се очекува да завршат на есен 2017.

Hidrocentrala Brezice Slovenija gradba

ХЕ „Брежице“ е петта хидроцентрала во низата од шест хидроцентрали на Сава со инсталирана моќност од 45MW, и проектирано годишно производство од 161GWh електрична енергија.

Hidrocentrala Brezice Slovenija3

 

 

 

 

 

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top