Насловна / Екологија / Енергетска Ефикасност / Во Швајцарија претставен авион на соларен погон

Во Швајцарија претставен авион на соларен погон

solar-impulse
Вчера во Паерн, Швајцарија, беше претставен експерименталниот авион со човечки екипаж, кој ќе се движи со помош на сончева енергија.

Авионот „Солар импулс 2“, чии електрични мотори со пропелери се полнат со помош на фотоволтаични ќелии, е конструиран од швајцарските конструктори и пилоти Бертран Пикар и Андре Боршберг.

Тие на јавноста ѝ го претставија леталото, наследник на „Солар импулс“, што изминатите четири години, од кога е конструирано во 2010 година, постави неколку светски рекорди – првиот ноќен лет во соларното воздухопловство кој траеше 26 часа, 10 минути и 19 секунди, потоа првиот лет меѓу континенти – од Мадрид до Мароко, но и летот од западниот до источниот брег на САД. За време на 19-часовниот лет од Феникс до Далас, леталото помина 1.506 километри погонувано единствено од енергијата на сонцето. На овој лет во кокпитот се наоѓаше токму еден од конструкторите – Андре Боршберг.
SWITZERLAND-AEROSPACE-ENERGY-AVIATION

Испрати коментар

Scroll To Top