Насловна / Вести / Во Албанија е претставен проектот ВЕ „Тропоја“ со инсталирана моќност од 600MW

Во Албанија е претставен проектот ВЕ „Тропоја“ со инсталирана моќност од 600MW

Проектот за изградба на ветерната електрана „Тропоја“ во Албанија, со вкупна инсталирана моќност од 600MW, официјално беше претставен на 12-ти јануари годинава. Инвестицијата ја реализира американската компанија CWP, еден од водечките инвеститори во областа на обновливите извори на енергија во југоисточна Европа. Со овој проект е направен важен исчекор во зајакнувањето на енергетскиот систем на земјата и оствaрувањето на долгорочната цел за енергетска независност. Истакнато е дека доколку сите работи се одвиваат според планот, електраната ќе биде поврзана на мрежа за една година.

Албанија со децении речиси целосно се потпираше на хидроенергијата, што ја правеше ранлива во годините со недоволно врнежи, кога земјата мораше да купува енергија на меѓународните пазари по високи цени. Од друга страна, во периодите на обилни врнежи, дел од потенцијалот останувал неискористен, па дури и предизвикувал штети. Актуелниот инвестициски циклус има за цел да ги надмине овие слабости и да го диверсифицира енергетското портфолио. До крајот на деценијата, во склоп на визијата „Албанија 2030“, планирано е соларната енергија и енергијата од ветер да учествуваат со околу 30% во вкупното производство на електрична енергија.

Испрати коментар

Scroll To Top