Насловна / Архитектура / Високите температури би можеле да доведат до рушење на Нотр Дам

Високите температури би можеле да доведат до рушење на Нотр Дам

Рекордните високи температури кои ја зафатија Европа би можеле да доведат до рушење на ѕидовите на катедралата Нотре Дам, преупредиле експертите.
Филип Вилнев, француски архитекта и реставратор на историски споменици, изјави дека камените ѕидови на катедралата и понатаму се натопени со вода, што е последица од гасење на пожарот.
Поради рекордните температури кои оваа недела се очекуваат во Париз, ѕидовите би можеле да се исушат пребрзо, а конструкцијата и понатаму е кревка, тврди Вилнев.
„Се плашам дека ѕидовите, додека се сушат, можат да почнат да ја губат својата кохезија и одеднаш да почнат да попуштаат“, вели тој.
Во моментов експертите работат на стабилизација на конструкцијата на катедралата пред да почнат работите на реконструкцијата.
Европските земји се борат со температури кои преминаа 40 степени, а се прогнозира дека во наредните денови ќе биде уште потопло.

France Notre Dame Fire

Испрати коментар

Scroll To Top