Насловна / Вести / Утре официјално се отвара градска плажа „Парк“

Утре официјално се отвара градска плажа „Парк“

DCIM100GOPRO

Градската Плажа „Парк“, која се наоѓа на кејот на Вардар веднаш зад дискотеките во градскиот парк во Скопје, од утре (4 јуни) ќе почне да работи со сосема нов концепт, но и со променет изглед.
„Долго време се работеше на плажата, на нејзината конструкција, но и на начинот на кој ќе функционира ова летно катче каде што скопјани ќе можат секојдневно да уживаат во спортско-рекреативни активности како и во различна музичка програм“, велат од тимот кој стои зад Градска Плажа „Парк“.
Денска и ноќна шема, достапни цени за сечиј џеб како и музика од сите жанрови е она што плажата ќе им го понуди на граѓаните. Опуштен понеделник со реге музика, баскет во среда или пак хаус журка во сабота, изборот останува на посетителите.gradska plaza_1
Свеченото отварање е на 4 јуни со почеток во 20:00, влезот е бесплатен, а за посетителите да бидат разиграни ќе се погрижат голем број бендови и диџеи од Македонија кои ќе направат забава до доцна во ноќта. За забава ќе се погрижат и уличните артисти, учесници на Баскерфест 2014 кои ќе го најават и почетокот на Фестивалот во Скопје, кој е закажан за 6 јуни, а ќе трае се до 14 јуни.
Од менаџерскиот тим на плажата посочуваат дека е планирано еднаш месечно да се одржува по еден поголем настан со познати музички имиња од странство, а од понеделник до недела секојдневно се планирани различни тематски забави. Покрај тоа за сите рекреативци во паркот и на кејот на плажата постои место за продажба каде што ќе можат да се освежат и да одморат по рекреирањето.

Испрати коментар

Scroll To Top