Насловна / Вести / Транспортната заедница предлага „зелени“ коридори за транспорт на храна и лекови во време на пандемијата

Транспортната заедница предлага „зелени“ коридори за транспорт на храна и лекови во време на пандемијата

Транспортната заедница, во која ченуваат земјите членки на ЕУ и земјите во регионот, предлагаат да се воспостават „зелени коридори“ за Западен Балкан, со цел непречен транспорт на основните стоки, првенствено лекови и храна, во услови на строги ограничувања поради пандемијата. Заедничките предлог мерки ги подготвиле Постојаниот секретаријат на транспортната заедница и Секретаријатот на ЦЕФТА. Целта е да се олесни транспортот и трговијата со основните добра во регионот на Западен Балкан, бидејќи нивниот проток никако не смее да биде прекинат.

Станува збор за примена на покоординиран и пропорционален пристап  како одговор на сите предизвици со кои ЕУ и Западен Балкан се соочуваат, и во суштина никој да не подлегне на престрога изолација. Притоа, царинската и друга контрола на стоката и натаму ќе остане под правилата на ЦЕФТА и правилата кои произлегуваат од партнерството на регионот на Западен Балкан со ЕУ.

transportcom1

transportcom2

transportcomglavna

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top