Насловна / Арт и дизајн / Телефоните во иднината

Телефоните во иднината

Познатото студио за дизајн од Јапонија Nendo го претстави концептот на дизајн на мобилен телефон, создаден за производителот на паметни уреди OPPO. Како резултат на нивната соработка, создаден е паметен телефон со иновативен систем за отворање на лизгање, кој достигнува двојно поголема големина кога се расклопува.

telefon2

Наречен Slide phone, овој телефон се обидува да обезбеди алтернативно и попрактично решение од сè пообемните телефони што ги користиме во моментов. Многу компании се фокусираат на истиот проблем, а иднината ја гледаат во мобилните уреди со флексибилни екрани.

Овој уред оди чекор подалеку и со својот флексибилен дизајн нуди различни димензии на екранот за да одговори на различните потреби.

Во преклопена форма, уредот лесно се вклопува во рака. Димензиите на телефонот се приближно колку големината на кредитната картичка – 54 mm x 86 mm. Благодарение на системот со три споеви, телефонот се развива во должина од 17,8 см.

telefon1

Кога е преклопен еднаш, се открива екран од четири сантиметри, што е доволно голем за да прикажува известувања, да прима повици или да го репродуцира плеерот за музика.

Понатамошното отворање резултира со екран од осум сантиметри, кој според производителот е погоден за фотографирање и играње игри.

telefon3

Целосно отворен, екранот е 17,8 сантиметри, или седум инчи, со тенка рамка.

Екранот е невообичаено долг, но може да биде погоден за повеќе задачи, особено ако телефонот е поставен хоризонтално. Играњето игри или гледањето снимки е исто така многу практично – главниот екран е прикажан на средина, додека контролите се од двете страни.

telefon4

Тенок и елегантен, телефонот има елиптични контролни копчиња, поделени во средината, кои функционираат како две до четири копчиња – и како половини и како едно поголемо копче.

telefon5

Засега, OPPO се фокусираше на дизајнот на телефонот, без да ги открива спецификациите. Дали овој концепт наскоро ќе стане реалност, останува да видиме.

telefon6

telefon7

telefon8

Испрати коментар

Scroll To Top