Насловна / Архитектура / Сместување во куќа проектирана од Френк Лојд Рајт

Сместување во куќа проектирана од Френк Лојд Рајт

Дали сте сакале да ја преноќите во куќа за која сте учеле од историјата на архитектурата? Сега имате шанса!рајт (1)
Куќата Епштајн, изградена во 1953 година, неодамна е комплетно реновирана, а нејзините сопственици, Марика Броер и Тони Хилебрант, ги отвориле вратите за сите љубопитни и заинтересирани луѓе преку сервисот Airbnb.рајт (5)
Куќата во Мичиген во САД е една од четирите изградени куќи од Френк Лојд Рајт од проектот Усониан, кој подразбирал подигање на цела една комуна. Тие требале да бидат 21, но, за жал, се откажало од проектот. Затоа овие четири објекти се уште повеќе вредни, така што можноста да се престојува во нив е вистински архитектонски деликатес.рајт (3)
Епштајн куќата е комплетно реновирана на почетокот на декември, а посебно внимание било посветено на текстилните блокови на фасадата кои се препознатлив Рајтов детал. Тие се обложени со заштитен слој кој ги штити од УВ зрачење, додека бањите се реновирани со оригинални плочки од 50-тите години на минатиот век.рајт (2)
Инсталациите во зградата се сосема нови, па климатизацијата, електричната опрема, водоводот и канализацијата се во согласност со стандардите на 21 век. Додадена е нова септичка јама, додаден е нов систем за дренажа, додека басенот за отпадни води, кој не беше дел од оригиналниот проект, е отстранет.рајт (4)
Посебно внимание било посветено на ентериерот, така што во куќата е внесен само мебелот и уметничките дела дизајнирани од Френк Лојд Рајт или од тој период.
Куќата може да се изнајмува преку услугата Airbnb, а може да прими максимално до шест гости.рајт (6)

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top